По 14 години се гаси „Ал Џезира Балканс“

Во претходните 14 години, „Ал Џезира Балканс“ беше особено препознатлива по својата оригинална содржина поврзана со документарниот сегмент, како и голем број други проекти. Тоа е првата телевизиска станица што емитува програма на јазик различен од арапскиот и англискиот.

По четиринаесет години успешна работа на Балканот, регионалниот телевизиски проект „Ал Џезира Балканс“ се гаси, потврдено е за сараевскиот портал Klix.ba.

Тоа е филијала на катарскиот медиумски концерн, кој работи со голем успех на Балканот, со седиште во Сараево од 2011 година. „Ал Џезира Балканс“ го покриваше регионалниот пазар со канцеларии во Белград, Загреб, Подгорица, Скопјe, Љубљана и Приштина.

Во претходните 14 години, „Ал Џезира Балканс“ беше особено препознатлива по својата оригинална содржина поврзана со документарниот сегмент, како и голем број други проекти. Тоа е првата телевизиска станица што емитува програма на јазик различен од арапскиот и англискиот.

„Ал Џезира Балканс“ е присутна во Сараево од средината на септември 2010 година, кога ја купи локалната телевизиска станица НТВ Студио 99 од компанијата „ПЕП“ во сопственост на Адил Куленовиќ за 2,3 милиони КМ, што беше износот на долговите на телевизиската компанија кон државата.

Во 2018 година, „Ал Џезира Балканс“ го основа AJB DOC, фестивал на документарни филмови, кој се одржува во Сараево секој септември.

Причините за затворањето сè уште не се објавени, но се претпоставува дека станува збор за деловна одлука на Доха поради финансиски причини.