По три години затвор за тројцата скопјани кои создадоа дива депонија на „Вардариште“

Без дозвола и документација за собирање, третман и складирање на отпад создавале диви депонии спротивно на прописите на закон за животна средина, а со тоа предизвикале опасност по здравјето на луѓето и загадување на околината.

Тројцата скопјани кои беа обвинети дека создале дива депонија на скопската депонија „Вардариште“ се осудени на по 3 години затвор, информираа од Кривичниот суд.

Сите тројца се виновни затоа што создале депонија спротивно од прописите со кое предизвикале опасност по здравјето на луѓето, како и загадување на земјата и воздухот, со тоа што откупувале старо железо и други материјали на импровизирани пунктови, иако знаеле дека немаат дозвола согласно Закон за управување со отпад и немале основано правно лице за таква дејност.

Без дозвола и документација за собирање, третман и складирање на отпад создавале диви депонии спротивно на прописите на закон за животна средина, а со тоа предизвикале опасност по здравјето на луѓето и загадување на околината.

Заради тоа се осудени на по 3 години затвор, стои во пресудата.

Инаку, сите тројца се со семејства, не се осудувани и не се вработени што се цени како олеснителна околност.

Тежината на кривичното дело е во влијанието врз животната средина, што се смета за отежнителна околност.