По самитот во Охрид, Оливер Вархеји денес во Софија-средби со бугарскиот државен врв

Средби со бугарскиот претседател Румен Радев, премиерот Кирил Петков и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска ќе има Оливер Вархеји денес во Софија.

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика вчера учествуваше на самитот на иницијативата Отворен Балкан во Охрид, а денеска е во посета на Бугарија.

Посетата на Бугарија еврокомесарот за проширување ја најави уште при последниот престој на 20 мај кога по средбите со Радев, Петков и Ганчевска, изјави дека наскоро ќе се врати во Софија за да се најде заеднички прифатливо решение за отворање на преговорите со Северна Македонија.

Вархеји вчера кажа дека интензивно се работи Скопје во јуни да го почне преговарачкиот процес за пристапување во ЕУ.