По празниците во Грција ќе се воведат рестриктивни ковид мерки
Грчката Влада е одлучна – по празниците ќе воведе рестриктивни мерки, потврди министерот за здравство,Танос Плеврис. Тој објасни дека во тек е состанокот на надлежната комисија на епидемиолози и се очекуваат нивните препораки.
„Сигурно е дека ќе постојат рестриктивни мерки по празниците, за да можеме да ја следиме и контролираме пандемијата“ рече тој.
Веројатноста за дополнителни мерки на почетокот на 2022 година, ја остави отворена и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на вчерашната владина седница кога рече дека нивниот план е во две фази: првата масовно тестирање пред празниците, а втората можност за дополнителни мерки по Нова година.
Се споменува работа од дома, скратување на работното време на угостителските објекти и ноќните клубови, но не и затворање на училиштата.