По одмрзнувањето на цените нема услови за тие да се зголемат, тврди Битиќи
Фатмир Битиќи – вицепремиерот за економски прашања не очекува големи осцилации и зголемување на цените на прехранбените производи, по нивното одмрзнување што треба да стапи во сила задутре, но најавува дека Владата ќе ја следи состојбата за да реагира ако евентуално се случи тоа.
-Сите предуслови за да останат цените на исто ниво, а можеби дури и да бидат помали се направени, сите претходни услови што беа креирани за да се зголемат цените сега ги нема, а електричната енергија не е на цената на којашто беше. Цената на суровини на светските берзи е намалена. Тоа значи дека и тие што произведуваат, но и тие што тргуваат, имаат услови реално да ги задржат намалените цени, како што беа замрзнатите цени, дури и да бидат намалени. Ние видовме дека на пазарот со зеленчук, природно се намалија дури за 40 проценти од замрзнатите цени и затоа одлуката е да се одмрзнат – рече Битиќи.
„Подготвени сме будно да следиме, ако евентуално се случи тоа да реагираме, но мислам дека нема услови за тоа, рече Битиќи, на новинарско прашање по отворањето на МЕФ Енергетскиот Форум 2023.
Тој пред учесниците на конференцијата порача дека во фокус на работата на Владата е изградба на капацитети за производство на енергија од обновливи извори на енергија.