По недоразбирањата, конечно убави вести: ЖФК Љуботен се враќа на Градскиот стадион во Тетово!

Убави вести за суите во ЖФК Љуботен и фановите на овој клуб од градот под Шара. Имено тие добија дозвола да играат на Градскиот стадион во Тетово, тоа значи дека се враќаат на Градски како што самите се пофалија во клупското соопштение:

“Тоа што пред неколку недели го ветија раководните луѓе на Градскиот стадион во Тетово тоа и го исполнија, дерби натпреварите од првата женска фудбалска лига ЖФК ЉУБОТЕН да ги игра на Градскиот Стадион во Тетово!

Па така дерби натпреварот од 10тото коло помеѓу екипите на ЖФК Љуботен и ЖФК Тиверија ќе се одигра во сабота 04.11.2023год. со почеток во 13:00часот на Градскиот стадион во Тетово!

Повик до сите вљубеници во спортот посебно во фудбалот во што поголем број да го проследиме овој дерби дуел и заедно да го бодриме ЖФК Љуботен до нова победа!