По жестока дебата, денеска се очекува Германија да го легализира канабисот, пишува Гардијан.
Германија ќе биде четвртата европска земја што ќе го легализира канабисот за лична употреба. Новиот закон ќе го отстрани канабисот од листата на забранети супстанци, а на возрасните ќе им биде дозволено да поседуваат до 25 грама.
Министерот за здравство Карл Лаутербах рече дека очекува новиот закон да ги истера дилерите од пазарот.
Во Германија се претпоставува дека околу седум милиони луѓе консумираат канабис. Владата соопшти дека многу граѓани користат канабис од медицински причини и дека со новиот закон ќе се подобри квалитетот на канабисот, кој го консумираат се повеќе млади луѓе.
„Целта на овој закон е да ги заштити децата и младите“, рече Лаутербах.
Лекарите кои се против новиот закон предупредуваат дека тој ќе го загрози здравјето на младите бидејќи лековите ќе бидат подостапни со што ќе се зголеми ризикот од зависност.
Трипартитната коалиција на Социјалдемократите, Зелените и либералната ФДП, предводена од канцеларот Олаф Шолц, се согласи за реформата во ноември.
Доколку денеска го донесат новиот закон, од 1 април, на возрасните ќе им биде дозволено да одгледуваат до три растенија, а три месеци потоа ќе можат да регистрираат непрофитни клубови за одгледување и дистрибуција на растението.
Консумацијата на канабис кај помладите од 18 години ќе продолжи да биде забранета, а оние на возраст меѓу 18 и 21 година ќе можат да купат до 30 грама канабис што содржи максимум 10% THC.
Некои германски сојузни покраини не се согласуваат со новиот закон, на пример Баварија, каде што на власт е Христијанско-социјалната унија.
Канабисот неодамна беше легализиран од Малта и Луксембург, а долго време е легален во Холандија.