По лидерската средба меѓу Мицкоски и Ковачевски, демократската унија за интеграција попладнево во партиското седиште почна состанок на раководството.
Според партискиот портпарол Бујар Османи, состанокот е поради новите политичките случувања и ќе се анализира средбата помеѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Ковачевски и Христијан Мискоски, што се одржа во средата.
-Состанокот е поради последниот развој, по средбата на претседателите на ВМРО и СДСМ, позиците на ДУИ, барањата на ВМРО за едноетничка влада. Прво ќе разговараме, па ќе дадеме одговор. За нас е важен патот кон ЕУ, европската иднина на граѓаните, мислам попрецизни податоци ќе имаме по состанокот, изјави Османи, портпаролот на ДУИ.