По Кичеец и Камчев, и Мијалков затворската казна ќе ја издржува во Струга

По Зоран Милевски – Кичеец и Орце Камчев, и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков ја променил адресата на живеење, од Скопје во Охрид, што значи дека затворската казна, која му беше изречена за случајот „Империја“ ќе ја одлежи во затворот во Струга.

Информацијата за Телма ја потврдија од Кривичиот суд, а доаѓа неполни две недели откако поранешниот шеф на тајната служба, призна вина и се спогоди со Обвинителството за организиран криминал. Со спогодбата, Мијалков беше осуден на 3 години затвор и ќе треба да исплати 6,1 милиони евра во кеш за уделот во хотелот „Мериот“. Одземен му е и имот во вредност од околу 30 милиони евра.