По вчерашниот пожар во „Буши“ 70-тина луѓе се пожалиле на повреди

Пожарникарите спречиле огнот од скопскиот хотел „Буши“ да се прошири во целиот објект и да ги зафати сите околни, а брзата интервенција на лекарите спречила да има посериозно повредени.

Сепак десетици луѓе вдишале чад, а дел од нив завршиле и во болница. Останатите по укажаната помош биле пуштени дома.

Пожарот се случил во хотел „Буши“ во поладневните часови, а според информациите од противпожарната служба, тој избил на неколку места. Чад и скршени стакла, низ кои гостите бегале од огнот.

Информациите се дека лекарите интервенирале кај 28 луѓе, на 19 им била пружена медицинска помош на лице место, а 9 завршиле во болница.

Шестмина се на Токсикологија, а тројца во градската болница „8 . Септември“.

Меѓу повредените има и тројца пожарникари.