Амбасадорката на Соединетите американски држави, Анџела П. Агелер, во соопштение до јавноста посочи дека по означувањето на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, и неговото семејство како неподобни за влез во САД, ќе следат и други назначувања.
„Денешното означување на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев и неговото семејство е уште еден доказ дека Соединетите Држави ќе продолжат да ги санкционираат корумпираните актери во оваа земја и во регионот, без разлика на нивната позиција, политичка определба или времето на злоупотребите. Ќе следуваат повеќе назначувања, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Северна Македонија. На крајот на краиштата, останува на функционерите и граѓаните на оваа земја да побараат одговорност и промени.“ се наведува во соопштението од Амбасадорката на САД, Анџела П. Агелер.