Почувствувани два послаби земјотреси во Охрид и Струга

Првиот земјотрес имал локална магнитуда од 3.4 степени според Рихтер, а вториот 2.3 степени. Според досегашните податоци, посилниот од двата бил почувствуван во Охрид, Струга и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава на 18 мај, во 5:07 и 5:16 часот, се регистрирани два земјотреси со епицентар во подрачјето Пештани – Охрид – Струга, на околу 100 километри југозападно од Скопје.

Првиот земјотрес имал локална магнитуда од 3.4 степени според Рихтер, а вториот 2.3 степени. Според досегашните податоци, посилниот од двата бил почувствуван во Охрид, Струга и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.