Почнува 22. Интернационален фестивал на античка драма „СТОБИ 2025“

На големата сцена на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес со претставата „Агамемнон-кругот на крвта“ во изведба на „NEW YORK La MAMA EXPERIMENTAL THEATRE CLUB“ од Њујорк, САД вечерва во 20 часот свечено ќе биде отворено 22. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „СТОБИ 2025“.

Концептот, адаптацијата, режијата и изведбата на една од главните ролји во претставата е на Рефика Чавише.

По светската премиера во 2024 во Њујорк и по извонредниот прием во театар Акропол, претставата ја продолжува европската турнеја во Велес, на отворањето на фестивалот ИФАД „СТОБИ 2025“.

Освен театарот од САД, на фестивалот кој ќе трае до 5 ноември ќе настапи и Академијата „Медитеранеа Делатори“ од Италија, театарот од Куманово, Драмскиот театар од Скопје и театарот од Штип, кој работи во склоп на НУЦК „Ацо Шопов“, а кој со претставата „Лекција“ на 5 ноември ќе го затвори фестивалот.

На ИФАД „Стоби 2025“ ќе бидат врачени востановените статуетки на фестивалот: за најдобра женска и машка улога за најдобра претстава и најдобра режија.