Почнува судењето за пожарот во кочанската дискотека, родителите на настраданите ги чекаат обвинетите

Во мачна тишина утрово се подготвува да почне судскиот процес против 35 обвинети за катастрофалниот пожар во импровизираната дискотека „Пулс” во Кочани на 16 март. Дојдени се родителите на загинатите 63 млади луѓе и деца.

Обвинети се 35 луѓе и три правни субјекти за Тешки дела против општата сигурност, за кое нема доживотна казна затвор, туку максимална казна до 20 години.

Во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција се води посебна истрага за 20-тина полициски службени лица во врска со тешката трагедија за која објавија сите медиуми во светот.

Бројните роднини стојат надвор виснати на полициската ограда следејќи го секое полициско возило со надеж дека ќе видат некој од обвинетите.

Но, судницата во Идризово е правена по современи стандарди, па обвинетите ги носат од задната страна, јавува СДК.