
Работите на адаптацијата на основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградски Врачар, во кое на почетокот на мај се случи масовното пукање, почнуваат задутре, јавува српска Нова. Во рамки на работите ќе биде целосно обновен ентериерот во дел од објектот.
„Одлучено е да се прави само тоа, бидејќи само тоа може да биде направено до 1 септември“, потврдил неименуван извор. Цената на работите ќе биде околу 154.000 евра.
Ученикот во седмо одделение Коста К. на 3 мај влезе со пиштол во училиштето во кое уби осум соученици и работник на обезбедување. Рани уште шест ученици и учителка, а една од ученичките потоа почина од добиените повреди.
Одлуката за реконструкција е донесена на барање на родителите на учениците.