Почнува зимскиот распуст за 250.000 ученици во основните и средните училишта

Учениците на настава ќе се вратат на 20 јануари 2026 година, кога започнува второто полугодие.

За околу 250.000 ученици во основните и средните училишта денеска започнува зимскиот распуст.

Учениците на настава ќе се вратат на 20 јануари 2026 година, кога започнува второто полугодие.

Во вториот дел од учебната 2025/2026 година ќе продолжи процесот на оптимизација на училишната мрежа, како и воведувањето едносменска настава, со која досега се опфатени околу 200 училишта низ државата.

На крајот од учебната година, во јуни, матурантите ќе полагаат државна матура според нов концепт, прилагоден на видот на образованието.

Воедно, наставниците во март се очекува да добијат зголемување на платите од 7,5 до 10 проценти.