Почна распоредувањето припадници на Националната гарда во Вашингтон

Дел од најавените 800 припадници на Националната гарда што ќе бидат распоредени во Вашингтон по наредба на претседателот Доналд Трамп пристигнаа во тој град.

Дел од најавените 800 припадници на Националната гарда што ќе бидат распоредени во Вашингтон по наредба на претседателот Доналд Трамп пристигнаа во тој град.

Трамп донесе таква одлука со цел, како што изјави, да се справи со криминалот и го нарече Вашингтон град на беззаконието. Сепак, градските власти тврдат дека стапката на криминал во градот е во опаѓање.

Претседателот има законско право да презема такви чекори најмалку еден месец. Таа тактика неодамна ја употреби Трамп во Лос Анџелес, поради протестите против неговите имиграциски акции во регионот, и покрај противењето на локалните власти.

Порано денеска, тој денес објави дека ќе го стави полицискиот оддел на Вашингтон под федерална контрола.