Почина 42-годишна жена од Прилеп, во нејзиниот велосипед удрил автомобил

МВР информира дека вчера околу 19.45 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул. „Александар Македонски“ во Прилеп, патничко возило „фолксваген“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.П. (54) од с. Славеј, Прилепско, удрило во велосипед управуван од А.Ц.(42) од Прилеп.

Од здобиените повреди на местото починала А.Ц., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид извршиле екипа од Полициската станица Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.