
Почина Џорџ Форман, поранешен светски шампион во тешка категорија
Џорџ Форман, американски боксер и поранешен шампион во тешка категорија, кој се прослави со рекламите за скара, почина на 76-годишна возраст, соопшти неговото семејство.
Џорџ Форман, американски боксер и поранешен шампион во тешка категорија, кој се прослави со рекламите за скара, почина на 76-годишна возраст, соопшти неговото семејство.
Во објава на Инстаграм, семејството го опиша Форман како „хуманитарец, олимпиец и двократен светски шампион, нагласувајќи дека тој е длабоко почитуван, дисциплиниран, уверен во своите вредности и заштитник на своето наследство, неуморно борејќи се да го зачува своето добро име – се за доброто на неговото семејство.
Форман го загуби првиот шампионски појас во 1974 година на мечот против Мухамед Али, но речиси две децении подоцна, тој повторно стана шампион, победувајќи го Мајкл Мареј.