
Почина Јулијана Тануровска, новинарка и уредничка во МРТВ
Тануровска своето новинарско искуство како дипломиран новинар го почна во Македонското Радио, а потоа продолжи во МТВ. Обработуваше теми од образованието, а потоа теми од црквата, верата и религиите.
Новинарката и уредничка на Сателитскиот канал на Македонската телевизија Јулијана Тануровска, почина на 60-годишна возраст после тешко боледување.
Тануровска своето новинарско искуство како дипломиран новинар го почна во Македонското Радио, а потоа продолжи во МТВ. Обработуваше теми од образованието, а потоа теми од црквата, верата и религиите.
Погребот на Тануровска ќе биде извршен во недела на градските гробишта Бутел.