Почина професор доктор Јовица Угриновски

Од болницата Неуромедика известуваат дека утрово починал проф. д-р Јовица Угриновски.

„Со огромна жалост сакаме да ве известиме дека утрово на 77-годишна возраст по тешко боледување почина нашиот ценет и почитуван проф. д-р Јовица Угриновски. Проф. д-р Јовица Угриновски беше основач и претседател на Управниот одбор на „НЕУРОМЕДИКА”. Менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работењето, се наведува во нивната објава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NEUROMEDICA (@neuromedica)

Специјализирал неврохирургија во Скопје (1975), завршил три постдипломски курса по неврохирургија во Монпелје (1977), Манчестер (1978) и Братислава (1981), магистрирал (1978) и докторирал (1986).

Придонел во воведувањето на проспективниот предвидувачки скоринг систем во неврохирургијата и методот на премостување на крвните садови во мозокот.

При атентатот врз Претседателот на РМ, Киро Глигоров (Скопје, 1994) изведе сложени неврохируршки оперативни зафати.

Бил организатор на Итната санитетска хеликоптерска служба во РМ, како и на повеќе волонтерски организации и се занимава со алпинизам.

Публикувал повеќе од 140 научни трудови и 6 книги.

„Денес во Скопје, по тешко боледување почина д-р Јовица Угриновски, лекар – неврохирург, редовен професор на Медицинскиот факултет од 1993 година.
Најпочитуваниот брат Јовица Угриновски е еден од основоположниците на Големата Ложа на Македонија и нејзин Трет Голем Мајстор ( 6014-6017) .
Тој е еден од најзаслужните браќа за развој на слободното ѕидарство во Македонија и неговото воздигање до највисоките нивоа на светската масонерија.
Беше посебно активен во меѓународната промоција на ГЛМ и воспоставување на односи со братски ложи на сите континенти.
НПГМ Јовица Угриновски со своите зборови и дела заслужи да биде издигнат во небесната Голема Ложа, каде Големиот Архитект на Вселената живее и вечно владее.
Нека почива во мир! Нека Биде Така“ напишаа на Фејсбук од Големата ложа на Македонија.