
Почина поранешниот претседател на Уставниот суд Ѓорѓи (Гога) Николовски. Николовски почина на 96 годишна возраст во Скопје.
Судот изрази длабоко сочувство до неговото семејство и блиски пријатели и роднини.
Николовски е роден на 18 март 1927 година во Битола, каде што го завршува своето основно и средно образование. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје како студент на првата генерација во 1955 година.
За време на студиите работел во „Радио Битола”.По дипломирањето се вработува како секретар на Собранието на битолската околија.
По завршувањето на мандатот како судија во Уставниот суд, Николовски бил претседател на Републичката конференција на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија (ССРНМ).
– Ѓорги (Гога) Николовски важи за долгогодишен промотор и почесен претседател на манифестацијата за децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија. За својата општествена и граѓанска дејност, носител е на повеќе одликувања и признанија – се посочува во соопштението на Уставниот суд.
Николовски починал во својот дом во Скопје на 16 декември 2022 година.