„Џијанг Земин почина од леукемија и откажување на органите во средата во Шангај на 96-годишна возраст“, објави „New China“.
Кога тој официјално беше именуван за наследник на Денг Ксијаопинг во 1989 година, Кина беше на самиот почеток на модернизација на својата економија.
Кога ја напушти претседателската функција во 2003 година, Кина стана членка на Светската трговска организација (СТО) и победи во кандидатурата за Олимписките игри во Пекинг во 2008 година и беше на пат да стане вистинска велесила.
И по неговото официјално пензионирање, поранешниот градоначалник и шеф на Комунистичката партија во Шангај, Џијанг Земин, со тесен круг на блиски соработници, влијаеше на политичкиот живот на Кина.
Тој дојде на власт по крвавото задушување на протестите во Кина во 1989 година на плоштадот Тјенанмен во Пекинг, но во исто време придонесе за трансформација на најнаселената земја во светска велесила.