
Попладнево во Скопје, по кратко и тешко боледување почина Агим Јонуз (63), политички аналитичар кој своите ставови ги кажуваше директно и отворено. Веста за неговото заминување ја објавија повеќе медиуми.
Јонуз само до пред неколку дена беше активен во медиумите, а веста дека здравјето му се влошило ја пренесоа пред една недела неколку негови блиски пријатели и соработници кои замолија да се молиме за неговото здравје. За жал, по неколкудневна хоспитализација, Јонуз ја изгуби најважната битка, за својот живот.
Агим Јонуз е роден во Скопје. Се школувал во родниот град и во Белград. Познат е како аналитичар, колумнист, поранешен советник и портпарол на поранешниот претседател на Собранието, Лупчо Јордановски и на поранешниот премиер Бучковски, а извршувал и многу други функции. Во 2021 година Јонуз беше носител на листа на советници за Град Скопје предложен од „Твоја Партија“.
Пеше познат по својот посебен стил на изразување. Најмногу ќе биде запаметен по неговите отворени и жестоки ТВ дебати, понекогаш на граница на конфликт со соговорниците, во кои не бегаше од најпровокативни теми и ставови. Отворен поборник на соживотот во земјава, за еднакви права и обврски, за слобода и демократија.
Погребот на Агим Јонуз ќе се одржи в недела 26 октомври 2025 година, на гробиштата во Бутел.