
Утринава во Штип на 51 годишна возраст почина еден од најголемите бизнисмени во источна Македонија, Тони Димитровски – Папата кој е сопственик на познатата компанија „Хамачи“.
Погребот на Тони Димитровски ќе биде утре (28.01.2024) во 13:00 часот на градските гробишта во Штип. Секој што сака да го испрати е добредојден, соопштија од неговата фамилија.
Димитровски на повеќе полиња бизнисот го градеше повеќе од 30 години и за целиот период бележеше огромни резултати. Ќе остане запаметен како претпремиемач кој од нула го има изградено својот бренд и има поставено нови стандарди во бизнис секторот.