Познатиот и ценет на поранешните југословенски простори пејачот Масимо Савиќ почина на 61-годишна возраст по кратко боледување, ја потврдиле во петокот од Аквариус рекордс тажната вест.
Неговата сопруга Ени и ќерката Мирна се простија од Масимо со емотивна објава на социјалните мрежи.
„По кратка, но херојска борба, нè напушти нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ. Иако го напушти овој свет, вечно ќе живее во нашите души. Насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Засекогаш ќе бидеме твоите девојки. Ени и Мирна“, се вели во нивната објава.
Масимо е роден на 6-ти јуни 1962 година во Пула, а средното образование го завршил во Загреб, каде што ја започнал својата музичка кариера.