Почина планинарот паднат во бездна под Титов Врв

Еден од двајцата планинари кои вчера се изгубиле под врвот Титов Врв на Шар Планина почина по падот во бездна.

Полесно е повреден неговиот другар кој јавил за инцидентот, а потешко бил повреден и началникот на тетовската полиција кој бил член на спасувачката екипа.

„Пронајдени се двете лица кои беа исчезнати на падините од карпа на Шарпланина во реонот кај Титов Врв. Од страна на раководителот на РЦУК Тетово сме известени дека комаднирот од Специјалната единица на МВР кој во текот на спасувачката акција се здоби со тешки телесни повреди е извлечен од местото на настанот и моментално со возило е упатен Клиничкиот центар. Второто пронајдено лице е починато и истото се уште се наоѓа на местото на настанот. За истото да биде пренесено ќе треба претходно да се извршат соодветни процедури“, информираа денеска од ЦУК.