Камило Гевара – синoт на револуционерот и политичар Ернесто Че Гевара, починал во Каракас на 60 години од срцев удар, објавил колумбискиот претседател Мигел Дијаз Канел.
„Со голема тага се простуваме од Камило, син на Че и следбеник на неговите идеи“ – напишал претседателот на својот профил на Твитер.
Кубанската новинска агенција „Prensa Latina” пишува дека Камило Гевара бил во посета на Каракас, каде починал од последица на „белодробна емболија која го предизвикала срцевиот удар”.
Камило, кој е роден во 1962-ра година, бил најстарото од четирите деца на Ернесто Че Гевара и неговата сопруга Алеида Марш, која исто така била револуционерка.
Камило Гевара Марш бил дипломиран правник и директор на Центарот Че Гевара во Хавана, установа која ги промовирала идеите на неговиот татко.
Con profundo dolor decimos adiós a Camilo, hijo del Che y promotor de sus ideas, como directivo del Centro Che, que conserva parte del extraordinario legado de su padre. Abrazos a su madre, Aleida, a su viuda e hijas y a toda la familia Guevara March. pic.twitter.com/n7PaAVbmC2
— Miguel Díaz-Canel Bermúdez (@DiazCanelB) August 30, 2022