Почина мигрант во Куманово откако бил прободен од друг мигрант

Мигрант бил прободен утрово во Куманово, по што кратко потоа починал.

МВР информира дека се работи за физичка пресметка помеѓу повеќе лица, мигранти, а едниот од нив го прободел другиот.

„Денеска во 06.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во атар на с. Речица, Кумановско, било пронајдено лице мигрант со повреди од остар предмет. Лицето било пренесено во Општа болница Куманово, каде во 07.45 часот починал. Полициски службеници на СВР Куманово извршиле увид и по преземените мерки и извршени разговори било констатирано дека настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица мигранти, при што починатиот мигрант бил прободен со остар предмет“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.