Почина Лука Суша, долгогодишен фотограф и снимател

На седумдесет и двегодишна возраст денеска почина фотографот и снимател Лука Суша.

Роден е во Скопје, живеел и се школувал ширум поранешна Југославија. Негови фотографии се објавени на страниците на бројни дневни и неделни изданија на поранешна СФРЈ, како „Политика“, „Борба“, „Базар“…а долги години беше и снимател во А1 телевизија.

Во 2017 година од Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска, театарска и танцова академија ја доби традиционалната награда „Љубе Цветановски“ заедно со Зоран Костески.

Творештвото на Лука Суша ќе остане да сведочи за него и неговиот оригинален и професионален пристап кон работата. Драг колега и соработник, уметник кој ќе остане запаметен по неговиот уметнички израз во секој аспект од работата.

Тој долги години беше снимател и во А1 телевизија, а изминатите 20 години заедно со Зоран Костески отсликаа стотици македонски села, што се на прагот на исчезнување, на тој начин заштитувајќи ги од незаборавот, за што во 2017 година беа наградени со наградата „Љубе Цветановски“ што секоја година ја доделува Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска, театарска и танцова академија.