Леонад Кравчук – првиот претседател на независна Украина почина денеска на 88-годишна возраст.
Кравчук во декември 1991 година, на првите непосредни претседателски избори беше избран за претседател на Украина, а една недела подоцна го потпиша Беловешкиот договор.
Во јули 1994 година Кравчук прифати вонредни претседателски избори, кои ги загуби од Леонид Кучма.
Од 28 јули 2020 година до 21 февруари 2022 година, тој беше претседател на контакт групата за решавање на состојбите во Донбас.