Ивица Осим – поранешниот селектор на Југославија почина денеска на 81-годишна возраст во Грац, каде што живееше во последните неколку години.
Роден во Сараево во 1941 година, почнал да тренира фудбал во Железничар. За клубот од „Грбавица“ настапи на 250 официјални меча и постигна 75 гола.
Во 1970 година заминува во Франција, каде настапуваше за Стразбур, Седан и за Валенсиен.
Популарниот „фудбалски Штраус“ играше и за репрезентацијата Југославија. На 16 настапи меча постигна 8 гола.
Фудбалската кариера ја завршува во 1978 година, по што станува тренер.
Го водеше Железничар од 1978 до 1986 година.
Беше селектор на југословенската репрезентација, но и тренер на Партизан, Панатинаикос, Штурм, ЏЕФ Јунајтед. Последниот тренерски ангажман му беше како селектор на Јапонија.