![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2023/05/tenis-1024x575-1-750x430.jpg)
Почина Овен Дејвидсон (79), кој освоил дури 13 Грен слем титули во двојки и мешани двојки во 60-тите и 70-тите години.
Дејвидсон освои дури осум титули во пар со Били Џин Кинг (четири на Вимблдон во 1967, 1971, 1973 и 1974 година), а со текот на годините со нејзе останаа големи пријатели.
Историска сезона беше 1967 година кога го освои календарскиот Грен слем, поточно го освои трофејот на сите четири големи тениски турнири.
Австралиецот исто така влезе во историјата на тенисот кога во еден меч го победи Џон Клифтон во април 1968 година, во Опен ерата.
Освоил седум титули во сингл, а најдобар резултат на Грен слем му бил на полуфиналето на Вимблдон во 1966 година, но и осмото место на АТП листата.