Холивудската ѕвезда Ракел Велч почина на 82-годишна возраст по кратко боледување. Велч прво го привлече вниманието со нејзината улоги во „Fantastic Voyage“ и „One Million Years“ B.C. од 1966 година.
Ракел во 60-тите и 70-тите години беше глобален секс-симбол, позната по своето неверојатно, извајано тело. Актерката не се двоумеше да ги покаже своите атрибути, па остана запаметена по бројните провокативни филмски сцени.
View this post on Instagram
Таа доби награда Златен глобус за најдобра филмска актерка во мјузикл во 1974 година за нејзината изведба во Тројцата мускетари.
Беше номинирана и за наградата Златен глобус за најдобра актерка во телевизиски филм за нејзината изведба во филмот Право на умирање (1987).
Магазинот „Емпаер“ во 1995 година, ја вклучи во 100-те најсексапилни ѕвезди во историјата на филмот, додека магазинот „Плејбој“ ѝ го додели третото место на листата на 100 најсекси дами на 20. век.
Читателите на магазинот „Менс хелт“ во 2011 година ја изгласаа за втора најубава жена на сите времиња.