Почина „кралот“ меѓу фудбалските агенти – Мино Раиола (54)

Еден од најпознатите светски фудбалски агенти во светот – Италијанецот Мино Раиола почина денеска на 54-годишна возраст. Иако пред два дена повеќето светски медиуми ја објавија веста за неговата смрт, сепак тој од болница на Твитер напиша дека е жив. Сепак, денеска веста за неговата прерана смрт ја објавија и од неговото семејство.

Ова претставува голем потрес за светската спортска сцена ако се знае колкаво беше влијанието на Раиола врз траснферите на некои од најдобрите светски фудбалери.

Еден од најдобрите агенти во фудбалот прерано го напушта овој свет и остави на средина неколку операции кои требаше да се реализираат во претстојниот летен преоден рок.

Беше претставник на ѕвезди како Пол Погба, Џанлуиџи Донарума, Ерлинг Халанд, Златан Ибрахимовиќ, Ромелу Лукаку, Марио Балотели, Матијс де Лихт, Марко Верати, Хенрих Мхитарјан.

Тој во јануари годинава беше хоспитализиран во Милано, но не беше откриена природата на болеста од која боледува. Закрепнуваше во својот дом.