
По само три месеци од смртта на кралот на ромската музика, Ферус Мустафов, синоќа почина и неговиот син, Илми Мустафов.
Познатиот саксафонист и кларинетист Илми Мустафов беше и член на групата „Огнени момчиња“.
Во неговата скоро три децениска кариера, има снимено многу ора и чочеци, дел со својата група, а дел со неговиот познат татко Ферус Мустафов.
Неговиот син Ферчо соопшти дека Илми ќе биде погребан утре од 13 часот на гробиштата во Камник.