Ивана Трамп, поранешната сопруга на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, почина на 73-годишна возраст од срцев удар, соопшти нејзиното семејството за Еј-Би-Си њуз.
„Многу сум тажен што ги информирам сите оние што ја сакаа, кои ги има многу, дека Ивана Трамп почина во својот дом во Њујорк“, рече Доналд Трамп во објава на социјалната медиумска платформа Трут сошл.
Ивана беше ќерка на Mилош и Марија од Готвалдово, Чехословачка, сегашен Злин, Чешка. Од мали години нејзиниот татко го поттокнуваше и охрабруваше нејзиниот талент за скијање. Во 1972 година, Ивана Зелничкова беше изберена како замена во Чехословачкиот олимписки тим, кој и овозможи неколку прилики да патува надвор од Комунистичкиот блок. Една година порано, таа се омажи за автрискиот скијач Алфред Винклмаер, со цел да добие странски пасош за комунистичките власти да не ја сметаат за дезертер.
Во почетокот на седумдесеттите Ивана магистрираше на Факултетот за физичка култура при Универзитетот Чарлс во Прага. Во 1975 година таа ја напушти Чехословачка и заминува во Канада, кај својот другар од детството Џорџ Суроватка, кој е сопственик на продавница за скијачка опрема. Следните две години живее во Монтреал и работи како модел за некои од канадските врви кожни компании. Во 1976 година се разведува од Винклмаер, го напушта Суроватка и се сели во Њујорк да ги промовира Олимписките игри во Монтреал. Њујорк е местото каде таа го запознава Доналд Трамп, син на познатиот инвеститор во недвижнини, Фред Трамп.
Двојката се венча во 1977 година, а се разведе во 1992 година. Тие заедно имаа три деца: Доналд Џуниор, Иванка и Ерик.
Набргу по нејзиниот развод од Доналд Трамп, Ивана потпиша за агенцијата Вилијам Морис и разви сопствени модни линии на облека, моден накит и производи за убавина кои беа успешно продавани преку телевизиските шопинг канали. Таа исто така има напишано неколку бетселери,вклучувајќи ги романите For love Alone Lucy Wilkins и Free to love и книгата за самопомош The best is Yet to Come: Coping with Divorce and Enjoying life Again. Во 2001 година, Трамп пишуваше советодавни колумни за списанието Divorce. Таа играше споредна улога во холивудскиот филм „Клубот на првите сопруги“ со нејзината впечатлива изрека: „Запамтете девојки – немојте да се лутите, земете се.”
Ивана имаше и судски спор со Доналд заради употребата на нејзиното име за услужните дејности со недвижности. Ја тужеше финска модна компанија обвинувајќи ја за продажба на женска облека која го содржела нејзиното име, кое било употребено без дозвола. Во 2006 година беше домаќин на реалните шоуа за љубовни состаноци” Ivana Young Man”, на мрежата Oxygen. Имаше своја козметичка линија со парфемот „Ivana Haute Couture“ како и нејзината колекција на резбан накит,дизајниран во соработка со италијанската резбарска фирма M+M Scognamiglio.
Ивана учествуваше и во Celebrity Big Brother во јануари 2010 година. Таа влезе на 9 јануари, а заврши како седма на 27 јануари, на два дена пред финалето.Таа во март 2010 година беше гостин на островот во италијанското шоу L’isola dei famosi, еден вид на Celebrity Survivor.
„Ивана Трамп беше борец. Таа побегна од комунизмот и ја прегрна оваа земја. Таа ги научи своите деца на цврстина и жилавост, сочувство и решителност“, се вели во соопштението на семејството Трамп.
Ниту во изјавата на семејството Трамп, ниту во објавата на поранешната претседателка не се споменува причината за нејзината смрт, но најверојатно се работи за срцев удар.