МВР информира дека синоќа во 21.55 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор „Скопје“ било пријавено дека во отвореното одделение починал осуденикот Д.З.(54) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.