Почина Енди Флечер – клавијатурист на „Депеш мод“

На 60-годишна возраст почина Енди Флечер – клавијатурист на британскиот алтернативната рок бенд – „Депеш мод“.

„Во шок сме и исполнети со тага поради прераната смрт на нашиот драг пријател, член на семејството и колега од бендот, Енди ‘Флеч’ Флечер“- се вели во соопштениет од бендот.

Засега не се познати причината за смртта на рок-музичарот.

„Флеч имаше златно срце и секогаш беше тука кога ви треба поддршка, разговор, смеа или – ладна кригла. Нашите срца се со неговото семејство и ве молиме да ја почитувате нивната приватност во овие тешки времиња“ додаваат неговите колеги.

Инаку, Флечер беше еден од основачите на групата. Тој во 2020 година беше примен во Куќата на славните на рокенролот.