Актерот Доналд Сатерленд почина денеска на 89-годишна возраст.
Веста за неговата смрт ја потврди синот на актерот Кифер Сатерленд, пренесува АП.
„Лично мислам дека тој е еден од најважните актери во историјата на кинематографијата. Го сакаше тоа што го работеше и го правеше она што го сакаше, и никој не може да бара повеќе од тоа“, напиша Сатерленд на X.