Волтер Канингем, последниот од тројцата астронаути во првата мисија со екипаж од програмата Аполо, почина вчера на 90-годишна возраст, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на американската вселенска агенција НАСА.
На овој лет од 1968 година, вселенското летало, со тричлениот екипаж, орбитирало околу Земјата 11 дена.
„Волт Канингам беше борбен пилот, физичар и претприемач, но најмногу од сè беше истражувач“, рече администраторот на НАСА Бил Нелсон во изјавата на агенцијата.
„На Аполо 7, првата мисија Аполо со екипаж, Волт и неговите колеги од екипажот испишаа историја, отворајќи го патот за генерацијата Артемида што ја гледаме денес“, додаде тој.
„НАСА секогаш ќе се сеќава на неговиот придонес во вселенската програма на нашата нација и изразува сочувство до семејството Канингем“, се додава во соопштението.
Покрај Канингем, во екипажот на Аполо 7 беа и астронаутите Валтер Шира и Дон Ајзел. Ајзел почина во 1987 година, а Шира – во 2007 година.