
Почина Вилијам Фридкин, режисер на „Француската врска“ и „Истерувач на ѓаволот“
Вилијам Фридкин почина во понеделникот наутро во Лос Анџелес, во 87-та година од животот, пренесе Варајети.
Веста ја сподели неговата 79-годишна сопруга Шери Ленсинг, која беше филмски продуценти и шеф на студио, а сега работи со добротворни организации.
Добитникот на Оскар режираше големи филмски хитови како „Француската врска“, „Истерувач на ѓаволот“.
Неговиот последен филм “The Caine Mutiny Court-Martial” со Кифер Сатерленд во главната улога ќе биде премиерно прикажан на Венецијанскиот филмски фестивал.
Заедно со Питер Богданович, Френсис Форд Копола и Хал Ешбњеи, Фридкин во 70-тите години на 20. век беше предводник на филмските творци кои му го вратија престижот на
Холивуд, по деценија на стагнација кога најдобрите филмови доаѓаа од други краеви на светот.
Комбинирајќи го своето искуство на телевизијата, особено во документарниот филм, со најсовремен стил на монтажа, Фридкин внесе голема енергија во жанровите хорор или полициски трилер за кои се специјализираше.