Почина бодибилдерот Мирко Петровски

Македонскиот професионален бодибилдер Мирко Петровски почина денеска на 47-годишна возраст.

Тажната вест ја сподели музичарот Владимир Блажев – Панчо на својот Фејсбук-профил.

„Сè ште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да нè оставиш. Знам дека имаше уште многу зацртани планови и многу работи недокажани. Денеска изгубив(ме) голем другар, голем спортист и татко. Тренеру мој, сега си секако на поубаво место, каде конечно ќе го најдеш твојот душевен мир. Ќе се сеќавам на тебе како на добар човек и лојален другар. Мирче мој, вечна ти слава“, напиша Панчо.

Причината за смртта сè уште не е позната.

Петровски зад себе ги остави сопругата Светлана и деветгодишниот син.