Во трагичен настан, 8 месечно бебе почина за време на транспорт со возило на Итната медицинска помош од Прилеп до клиниките во Скопје.
Случајот, кој се случил вчера попладне, беше пријавен во полиција поради сериозните услови во кои бебето било пронајдено – тешко само 3 килограми и без извод од матичната книга на родените.
За да се утврдат причините за смртта, јавниот обвинител наредил обдукција на телото на бебето.
Ова е четврти случај на починато бебе во нашите болници или при транспорт во Скопје за еден месец, при што во сите случаи се водат истраги за причините на смртта.
Бебето во болницата во Прилеп во тешка здравствена состојба го однела мајката Ф. Ј. (34), по што било транспортирано за Скопје.