Почина бебето кое на Детска клиника беше примено со туберкулоза

Почина бебето кое беше примено во тешка состојба на Детската клиника во Скопје.

Се работи за деветмесечно бебе кај кое на почетокот постоеше сомневање дека белодробната слабост му е предизвикана од инфективната болест туберкулоза, но подоцна и се утрдило дека има туберкулоза.

Детето на Детската клиника во Скопје беше донесено на 24 февруари во тешка состојба, и беше итно префрлено од болницата Козле. Како итен случај беше сместено во одделот за интезивна нега на Детската клиника и беше ставено на машина.

Бебето беше интубирано и ставено на машина во сала во одделот за интезивна нега. Проблемот беше што во истиот тој оддел имаше уште 7 деца кои се најтешки случаи и се исто така поврзани на машини за одржување.

Туберкулозата е тешка заразна болест и родителите на децата беа згрижени на Детската клиника, стравуваа дека нивните и така болни деца, можат да се заразат и нивното здравје дополнително да биде влошено.