Почина американскиот рок-музичар Дејвид Крозби
Американскиот рок-музичар и ко-основач на бендот Бирдс и групата „Крозби, Стилс и Неш“ со Стивен Стилс и Греам Неш почина на 82-годишна возраст, соопштија членовите на неговото семејство.
„Со голема тага објавуваме дека нашиот сакан Дејвид Крозби почина по долго боледување. Иако повеќе не е со нас, неговата хуманост и љубезна душа ќе продолжат да не инспирираат. Многу ќе ни недостига“, рече неговата сопруга во изјавата, барајќи да се почитува приватноста на нивното семејство, пренесува Би-би-си.