Почина актерот Кирил Поп Христов-Кили

Вчера во Еквадор почина актерот Кирил Поп Христов-Кили, потврди за СДК.мк пријател на семејството. Тој имаше 58 години.

Вчера во Еквадор почина актерот Кирил Поп Христов-Кили, потврди за СДК.мк пријател на семејството. Тој имаше 58 години.

Поп-Христов се пресели во Еквадор во 2014 година. Иако често доаѓаше во Скопје, последната годинаипол ја поминал во Еквадор.

Веста за смртта на актерот, на неговите браќа во Скопје им ја соопштила сопругата на Кили, кореографката Гордана Деан Поп-Христова.

Кирил Поп Христов е роден на 30 јули 1967 во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на професорот Љубиша Георгиевски, во 1989 година. Од 1993 до 2014 работеше во Македонскиот народен театар.