Починат мигрант пронајден во Илинден, се верува дека смртта настанала од струен удар!

Денеска (22.08.2023) во СВР Скопје било пријавено дека во 01.10 часот на Железничка станица „Илинден“ било пронајдено починато едно лице-мигрант, кое се здобило со повреди од струен удар.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.