МВР информира дека рано утринава во 01.04 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, по извршен хируршки зафат, починало седум месечно бебе од Вевчани.
Информираат дека вчера околу 16 часот, бебето било донесено во болницата од неговата мајка.
Според пријавеното, бебето било примено во болницата со хематом на главата и кај него било констатирано мозочно крварење. Веднаш била извршена операција, но безуспешно.
Според изјавата на мајката, повредите настанале по пад од импровизирано креветќе во семејниот дом во Вевчани.
По насока на Јавен обвинител, телото ќе биде пренесено до Судска медицина во Битола каде ќе се изврши обдукција.
Се преземаат мерки за расветлување на настанот.