Почесниот конзулат на Република Србија во Македонија со седиште во Охрид по повод двете масовни убиства во Србија упати повик до граѓаните утре во 11 часот да дојдат на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ и да им оддадат почит кон жртвите.
Предвидено е потоа точно на пладне заеднички да се оди на панихида за жртвите во црквата „Св. Богородица Перивлепта“.
„Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на трагично загинатите, посакуваме брзо и лесно опоравување на сите повредени лица. Изразуваме силна емпатија, солидарност, сплотеност до српскиот братски народ и Република Србија“ = истакна почесниот конзул на Република Србија во земјава Михајло Филев
Во двата масакри во Србија неделава имаше 17 жртви. Во пукање во средата наутро во Основното училиште „Владимир Рибникар“ во Белград од страна на 13-годишно момчеа беа убиени девет лица (чуварот и осум деца) и рани седуммина, а во четвртокот вечерта 21-годишник во селата Дубона и Мало Орашје кај Младеновац уби осум лица, а 14 ранети.